Дома Фудбал Англија Венгер: Некогаш тоа беа странците, денес Англичаните станаа господари на актерството

Венгер: Некогаш тоа беа странците, денес Англичаните станаа господари на актерството

Арсенал во сабота го игра големото дерби на Лондон против Тотенхем, а пред овој натпревар за медиумите зборуваше Арсен Венгер.

Венгер во изјавата за англиските медиуми испрати критики до англиските фудбалери

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мораме да го исфрлиме симулирањето од фудбалот. Се сеќавам на времето кога тоа беа ретки случаеви и го правеа странците, но морам да кажам дека англиските фудбалери брзо учеа и сега можеби станаа и господари на актерството“, изјави Венгер.

Покрај Венгер ваквата ситуација во англискиот фудбал ја коментираше и Маурисио Покетино, кој зборуваше за својот фудбалер, Деле Али кој успеа да изнуди пенал во натпреварот против Ливерпул.

„Сигурен сум дека сакаше да го надмудри протвиникот, не мислам дека треба да се извини, не би се извинил ниту јас. Не ги охрабрувам своите фудбалер, ни најмалку. Но не смееше ниту да испровоцираш таква ситуација. Мораш да биде интелигентен. Секој напаѓач ќе се обиде тоа го направи“, зборуваше Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадуваање: Дресот на Лионел Меси веќе не е најпродаван во САД

Дресот на Лионел Меси долго време беше најпопуларен по продажба во САД, но веќе не е така.…