Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер се извини за своето однесување за време на вчерашниот дуел со Барнли, кој „топџиите“ го добија драматично во последната минута.
Французинот ја загуби смиреноста во 93-тата минута, кога главниот судија Џон Мос досуди пенал во корист на гостите кои го израмнија резултатот. Венгер се стрча кон четвртиот судија Ентони Тејлор, по што беше избркан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку Жозе Мурињо направеше гест како што направи Венгер, тоа сигурно ќе беше драконска казна во најава, но Французинот ја увиде грешката и искусно се извини по натпреварот.
„Жал ми е за тоа. Требаше да си ја затворам устата, да си заминам и да си одам дома. Се извинувам. Немаше ништо злонамерно. Едноставно требаше да ја сочувам самоконтролата. Требаше да замолчам и да се извинам, дури и да бев фрустриран од одлуката за пенал против нас“, изјави Венгер.
Сепак, и покрај извинување Венгер се соочува со казна и би можел да биде суспендиран од страна на Фудбалската асоцијација (ФА).