Арсен Венгер полека ја губи борбата со времето на клупата на Арсенал, сака во наредните две години да ја освои титулата шампион на Англија.
Премиер лигата секако е најинтезивна лига во светот, конкуренцијата е неверојатно силна, а Арсенал на титулата чека долги години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Франзузинот остана на клупата и покрај не толку добрите сезони и покрај фактот што му истекуваше договорот, ќе се обиде со сегашниот тим да направи изненадување и да ја осви Премиер лигата.
Слободно можеме да кажеме дека тоа би било изненадување, имајќи предвид тоа дека Арсенал не беше на највисоко ниво во Премиер лигата последните неколку години.
Сепак, засилување се очекуваат, пристигнаа Сеад Колашинац и Александар Лаказет, а Тома Лемар во овој момент една од најголемите желби, но сепак не е само тој.
Тука е уште фудбалерот на Ница, Далбер. Неговата екипа изрази незадоволство од неговото залагање на тренинзите и натпреварите во предсезоната, причина за тоа е интересот од Интер и Арсенал, па постои голема можност да ја промени средината до крајот на преодниот рок.
Од друга страна „Скај Спорт“ пишува дека Арсенал на Барселона би можел да и исплати 30 милиони за Рафиња Алкантара, толку и бараа Каталонците. Освен Рафиња, на таа позиција решение би можел да биде и Рос Баркли, но тој е далеку поблиску до големиот ривал на Арсенал, екипата на Тотенхем.
Сепак, најголемото име кое „срамежливо“ се поврзува со Арсенал е Карим Бензема, кој би можел да го напушти Мадрид доколку во клубот пристигне Килијан Мбапе.