Дома Фудбал Англија Венгер изнервиран: Го одбив целиот свет, за да бидам во Арсенал

Венгер изнервиран: Го одбив целиот свет, за да бидам во Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер одби да потврди дали ќе биде на кормилото на клубот и следната сезона.

Францускиот стратег е силно изнервиран од шпекулациите во однос на неговата работа и уште еднаш потврди дека „го одбил целиот свет“ за да остане во Арсенал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не третирате како да сме изгубиле од тим од петтата лига, а не од Манчестер Сити кој доминира во Премиер лигата. Тоа е смешно. Срамота е вака да се однесувате со нас. Се разбира дека сум разочаран и тажен за пораз, но мора да бидеме реални со коментари“, изјави Венгер.

Венгер во минатото ги одби понудите на Реал Мадрид, Пари Сент Жермен и Баерн Минхен, но се позасилени се шпекулациите дека на крајот на сезоната раководството на клубот ќе стави крај на неговиот 22-годишен престој.

„Искрено, тоа е последното нешто на кое што мислам во моментов. Концентриран сум на утрешниот меч со Манчестер Сити. Тука сум 21 година и го одбив целиот свет за да останам овде. Раководството ќе ја оцени мојата работа на крајот на сезоната“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…