Дома Фудбал Останато Венгер за судбината на Вилшер – Ќе остане ли „детето на Арсенал“ на „Емирати“?

Венгер за судбината на Вилшер – Ќе остане ли „детето на Арсенал“ на „Емирати“?

Судбината на Џек Вилшер сеуште не е јасна, не е познато дали ќе остане или ќе го напушти Арсенал по завршувањето на сезоната.

Овој фудбалер ретко игра во стартниот тим на Арсенал, шанса добива само во натпреварите во Лигата на Европа, а договорот му истекува на крајот од сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Венгер сака да го задржи и после завршувањето на сезоната, но прашање е дали Вилшер е спремен да ги прифати условите кои ги нуди Арсенал.

„Во клубот размислуваме што е најдобро за него, тој е дете на Арсенал. Во овој момент не мислам на преодниот рок, но секогаш со задоволство би го слушнал неговото мислење. Мислам дека на интерес во сите е тој да остане тука и да се бори за своето место“, изјави Венгер.

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал секако ќе се обиде да се наметне кај Венгер до крајот на сезоната, а потоа ќе следи одлуката за неговата судбина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…