Дома Фудбал Англија Венгер го толерираше, но Емери го „отпиша“ после првото коло?

Венгер го толерираше, но Емери го „отпиша“ после првото коло?

xhaka

Фудбалерите на Арсенал во вчерашниот прв натпревар од новата сезона на домашен терен забележаа пораз од Манчестер Сити (0:2).

Навивачите на Арсенал со нетрпение го очекуваа почекот на сезоната бидејќи за прв пат во една сезона после 22 години влегуваат без Арсен Венгер. На негово место ќе биде Унаи Емери кој не се прослави на своето деби и Сити лесно стигна до првите три бода во новата сезона.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Англиската јавност испрати критики кон Арсенал поради играта која ја прикажаа „топџиите“. Еден од фудбалерите кој најмногу беше на удар е Гранит Џака кој скоро и да не се забележа на теренот. Ова не е прв пат Швајцарецот да потфрли, а изгледа дека Емери тоа нема да го толерира како Венгер.

Медиумите на Островот наведуваат дека шпанскиот стручњак јасно му порачал на Џака дека мора да игра подобро или во спротивно ќе има значително помала минутажа. Неговото место во првиот тим скоро сигурно ќе му припадне на Лукас Тореира кој ова лето пристигна од Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти: Тимот ментално падна. Малку се шансите за враќање

Фудбалерите на Реал Мадрид загубија во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шам…