Дома Фудбал Англија Венгер го сруши рекордот на Фергусон

Венгер го сруши рекордот на Фергусон

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е нов рекордер по бројот на денови поминати во еден клуб од Премиер лигата.

Францускиот стручњак на клупата на Арсенал е од август 1996 година и до денес има поминато точно 7.584 дена.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Претходниот рекорд го држеше легендарниот Фергусон како менаџер на Манчестер Јунајтед кој е со подолг стаж во клубот, но статистички е опфатен периодот од сезоната 1992/93 кога е основана Премиер лигата.

Фергусон помина 21 сезона на клупата на Јунајтед и се повлече летото 2013 година.

Венгер има актуелен договор со Арсенал до 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…