Младата ѕвезда на Монако, Килијан Мбаше е најбараниот фудбалер во моментов, а интерес за него покажува и премиер лигашот Арсенал.
Ова не е шпекулација, туку лично го потврди менаџерот на „топџиите“ Арсен Венгер, кој призна дека го посакува 18-годишниот напаѓач во својот тим.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Секако дека го сакам Мбапе во својот тим. Би било лицемерно од моја страна и чиста лага, ако кажам дека не е така. Но можеби тој веќе спаѓа во категоријата на интерес од страна на клубови кои имаат доста поголеми финансиски можности од нас“, изјави Венгер.
Тинејџерот е трансфер цел на голем број европски гиганти, а се зборува дека неговата цена во моментов изнесува преку 100 милиони евра.