Дома Фудбал Англија Венгер го пронајде „виновникот“ за новиот пораз, но му верува ли некој?

Венгер го пронајде „виновникот“ за новиот пораз, но му верува ли некој?

Арсенал денес запиша нов пораз. „Топчиите“ беа поразени од Брајтон со 2:1 и така ја продолжија црната серија која им ги затвори вратите за Лигата на шампионите наредната сезона.

Навивачите на лондонскиот клуб бараат заминување на Арсен Венгер. Меѓутоа Франзузионот не сака да ја напушти менаџерската позиција, а за денешниот пораз го пронајде заморот како виновник.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Ја разбирам сета фрустрација. Финалето на Лига купот кое се игра на сред сезона секогаш е проблем, посебно кога ќе изубите. Прво тој пораз ни донесе голема негативност, а потоа дополнително не погоди и поразот во четвртокот. Едноставно не можевме да играме денес“.

„Физички сме изморени и ментално истрошени. Грешките се забележително, ни недостасува свежина за да направиме разлика на теренот. Кога сте целосно голи, едноставно морате да ја пронајдете маицата и да ја облечете“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Само еден фудбалер на Барселона не го славеше победничкиот гол на Араухо, еве и зошто (Видео)

Барселона го совлада тимот на Жирона со 2:1 благодарение на голот во 93-та минута, но цело…