Манчестер Сити славеше во првото финале оваа сезона, во Лига Купот против Арсенал, и славеше со 3:0 на „Вембли“.
Арсен Венгер на крајот му честита на својот ривал, Пеп Гвардиола, но во текот на мечот имаше кратка експлозија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Французинот реагираше по голот на Агуеро, а неколку дена пред мечот упати дополнителни провокации кон Каталонецот истакнувајќи дека силата на Сити лежи само во квалитетот на составот.
Во моментот на погодокот на Агуеро, според Венгер се случил прекршок над Мустави, а по реакцијата кај судиите се вжешти и Гвардиола кој влезе во вербален дуел со него, кој за среќа беше прекинат од помошниот судија.