Дома Фудбал Англија Венгер: Би го предал Арсенал, доколку водам друг клуб од Премиер лигата

Венгер: Би го предал Арсенал, доколку водам друг клуб од Премиер лигата

Иако постоеа гласини дека Арсен Венгер би можел да седне на клупата на некој од клубовите во Премиер лигата, тоа нема да се случи.

Арсен Венгер нема да ја заврши својата кариера после долгата приказна со Арсенал и тоа го потврди Французинот во моментот кога и ја соопшти одлуката за заминување.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Професорот“ ќе продолжи да работи како тренер, но сигурно нема да води клуб од Премиер лигата.

„Ќе ми биде тешко без Арсенал. Сакам да продолжам да работам, но не тука, не во оваа земја. Би го предал својот клуб доколку останам во Премиер лигата. Мојот клуб е овде, моето срце е тука и ќе биде засекогаш. Јас сум навивач на Арсенал“, изјави Венгер.

Значи сега е јасно, Евертон со кој се поврзуваше нема да биде негов нареден клуб, Премиер лигата за Венгер е затворена книга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …