Велшкиот фудбалски тим има намера да го промени името во Камри по Светското првенство во Катар, објави извршниот директор Ноел Муни.
Претстојниот Мундијал ќе биде последното големо натпреварување на кое оваа репрезентација ќе оди под името Велс, а името на националниот тим ќе биде сменето веќе во следното натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Велс води преговори со ФИФА и УЕФА за можна промена, а преговорите се во тек, пренесуваат британските медиуми.
Зборот Камри е всушност име на земја на велшкиот јазик. Фудбалската асоцијација на Велс веќе го користи тоа име во своето седиште, во комуникациите или во официјалните документи
Сè уште ништо не е официјално решено, но како што сега стојат работите брзо се ќе биде завршено.