Дома Фудбал Веб: Ковачиќ треба да биде среќен што остана на теренот

Веб: Ковачиќ треба да биде среќен што остана на теренот

МАТЕО КОВАЧИЌ требаше да биде исклучен на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, тврди Хауард Веб и додаде дека судиските пропусти како оној во дербито на Премиер лигата само дополнително го нарушуваат угледот на судиите кои ги водат натпреварите од англискиот шампионат.

Веб, некогаш еден од најдобрите светски судии, а денес директор во Здружението на англиските судии (ПГМОЛ), тврди дека Мајкл Оливер згрешил што не му дал втор жолт картон на Хрватот по стартот врз Деклан Рајс. Да го направеше тоа, Сити ќе имаше играч помалку од 35. минута.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


“Вторите жолти се нешто во кое ВАР не се меша. Но, Ковачиќ беше исклучително среќен што остана на теренот. Судијата не сакаше да има негативно влијание врз играта и да претера, но исто така е точно дека негативно влијание може да има и ако тој не реагира правилно.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…