Дома Фудбал Италија Вајналдум сигурно го пропушта Мундијалот, познато колку ќе паузира

Вајналдум сигурно го пропушта Мундијалот, познато колку ќе паузира

Холандскиот репрезентативец Жоржињо Вајналдум ќе го пропушти Светското првенство во Катар кое ќе се одржи во ноември и декември.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вајналдум на почетокот на месецот пристигна во Рома од ПСЖ, но минатата недела се здоби со фрактура на тибијата за време на тренинг.

После лекарските консултации клубот и играчот се одлучија за конзервативно лечење, што ќе значи неколку месеци пауза.

Рома денес соопшти дека рехабилитацијата ќе трае 3 до 4 месеци и дека Вајналдум ќе се врати на терените на почетокот на 2023 година.

Тоа значи дека Холанѓанецот сигурно ќе го пропушти Светското првенство во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ромеро се согласи на условите со Атлетико

Кристијан Ромеро постигна целосен договор со Атлетико Мадрид за личните услови, објави Мат…