Како се ближи стартот на ЕУРО 2020, атмосферата се повеќе се загреава и сите со нетрпение го очекуваме отварањето. Веќе подолго време тимот на kladenje.mk ви ги претставува репрезентациите учеснички на мундијалот, групите и слично, а сега ви го претставуваме и експертскиот прогнозерски тим во кој се најдоа и два поранешни фудбалери и репрезентативци на Македонија.
Александар Васоски и Панче Ќумбев ќе бидат во експертскиот прогнозерски тим на kladenje.mk. Поранешните фудбалери и македонски репрезентативци ќе ги анализираат и прогнозираат сите натпревари од групната фаза на ЕУРО 2020.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Популарниот “Тетовче” ќе биде задолжен за анализа на натпреварите од групите Б, Д и Ф. Ќумбев пак од друга страна ќе ги анализира и прогнозира натпреварите од групите А, Ц и Е.
За двајцата поранешни фудбалери и репрезентативци на Македонија, не треба да се трошат премногу зборови.
Панче Ќумбев пак моментално е Претседател на синдикатот на фудбалери на Македонија. Во играчата кариера играше за Борец, Победа и Работнички во Македонија, а голема трага остави и во Полска каде играше во најдобриот тим во земјата, Легија Варшава. Поранешниот македонки репрезентативец веќе беше во експертскиот тим на kladenje.mk на Светското Првенство во Русија заедно со Гачевски и Брдаровски и покажа големи прогнозерски способности.
Да видиме кој ќе биде поуспешен на крајот.
За повеќе совети околу обложувањето посетето го сајтот каде што работат вистински професионалци – „Кладење.мк“.