Aлександар Васоски и дефинитивно ќе го води Сараево.
Откако Академија Пандев му посака многу успех, преку социјалните мрежи се огласи и Васоски.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Огромна благодарност до фудбалерите, моите соработници и управата на Академија Пандев за прекрасната соработка во изминатата година. Огромно благодарам до нашата фудбалска икона Горан Пандев кој ни овозможи одлични услови за работа. На Академија Пандев и посакувам да ги остварите своите цели за оваа сезона. Клубот и градот Струмица вечно ќе бидат во моето срце!!! Благодарам!“, напиша Васоски.