Дома Македонски спорт Мак фудбал Васоски: Ако работата не се среди Вардар после декември ќе го доживее најцрното сценарио

Васоски: Ако работата не се среди Вардар после декември ќе го доживее најцрното сценарио

Вардар за викендот пропушти добра прилика за победа против Ренова. Црвено-црните водеа со 3:1, но на крајот Ренова успеа да изедначи и да стигне до 3:3, третиот гол Вардар го прими во 90. минута.

Васоски се огласи преку социјалните мрежи, зборуваше за резултатите, но и најави дека е можно да се случи најцрно сценарио за Вардар во декември.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Резултатите во последните неколку кола не се на ниво на Вардар, а се плод на лошата среќа и на созревањето на екипата. Нашиот тим на овие мечеви, сметајќи го и тој во кој убедливо загубивме од Шкендија (1-5), не беше во подредена улога. Напротив, во сите параметри, освен, за жал, во головите, бевме подобри од нашите противници. Физичката подготвеност во моментов е задоволителна, но ни фалат пријателски средби да ги корегираме грешките. Имаме комплетно нова екипа, која во од ја воигруваме и се надевам дека ќе ни се врати среќата, па ќе заиграме уште подобро. Доколку не се среди ситуацијата во клубот после декември, Вардар ќе го доживее најцрното сценарио од неговото постоење “, напиша Васоски.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Нов пораз: Фудбалерките незаслужено загубија од Летонија

Женската А репрезентација на Македонија загуби со 2:1 од селекцијата на Летонија на домаше…