Фудбалерите на Манчестер Сити после првото полувреме водат на свој терен против Вест Хем со 1:0.
Сити подобро го отвори вечерашниот натпревар и создаде неколку одлични шанси, и навистина е чудно како Вест Хем успеа да прими само еден погодок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Домашната екипа до водство дојде во 30. минута кога Де Брујне центрираше од корнер, а со глава погоди Родри.
Но, деталот кој го одбележа првото полувреме се случи на средината од првиот дел, а во центарот на вниманието беа Агуеро и Огбона.
Дефанзивецот на ВЕст Хем на интересен начин го запре Аргентинецот кога го фати за „машкоста“, но судијата не реагираше и одби да гледа ВАР иако Агуеро беше бесен и се обидуваше да му објасни што се случило. Многумина веруваат дека ова беше чист пенал за домашниот тим.