Tимот на Вардар 1961 изгледа ќе остане без правото на користење на ваучер од Агенцијата за млади и спорт.
Проблем е настанат поради промената на имието. По доаѓањето на Михајло Михајловски и заминувањето на Самсоненко клубот мораше да се пререгистрира со ново име, па затоа денес е Вардар 1961.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа е проблем затоа што еден клуб за да добие ваучер треба две години да биде дел од системот на натпреварување и Вардар 1961 не го исполнува тој услов. Со ова име црвено-црните играат прва сезона и извесно е дека нема да добијат ваучер.
Следната недела ќе биде објавувањето на клубовите кои добиле ваучер па тогаш ќе се знае и сигурно.