Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар ќе мора да се „вади“ во Скопје, Конате со среќниот гол обезбеди победа за Пјуник (видео)

Вардар ќе мора да се „вади“ во Скопје, Конате со среќниот гол обезбеди победа за Пјуник (видео)

Тимот на македонскиот претставник во квалификациите за Лигата на Европа, екипата на Вардар денес запиша минимален пораз на гостувањето во Ереван во натпреварот против Пјуник.

Вардар натпреварот започна во следниот состав:

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Гачевски, Тошевски, Новак, Попов, Манев, Битанг, Исени, Мицевски, Цветаноски, Барсегјан, Лира.

Вардарци не го започнаа натпреварот онака како што очекуваа, Пјуник беше подобриот противник.

Првиот обид македонскиот претставник го имаше во 12 минута и тоа удар од далечина на Битанг.

По период во кој скоро и ништо да не се случуваше во 28 минута Пјуник успеа да стигне до водство.

Фудбалерот на домаќините Војнов шутираше од добра позиција, Конате го промени правецот на топката која заврши во мрежата на Гачевски.

Слична игра гледавме и во вториот дел, без многу шанси. Посериозна можност имаше Барсегјан кој упати удар од десната страна, топката отскокна пред голманот на Пјуник кој на крајот сепак успеа да одбрани.

Во финишот се обиде Попов со волеј, но топката заврши над голот.

На крајот црвено-црните мораа да се помират дека во Скопје ќе го дочекаат противник со еден гол негатива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…