Македонскиот шампион Вардар без никакви проблеми славеше убедлива против Војводина со 38:25, па сега се наоѓа пред пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата.
Доминираше Вардар против Војводина од почетокот до крајот, но треба да се знае дека српскиот тим во Скопје допатува без некакви големи амбиции и со подмладен тим.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Таквата ситуација на теренот донесе само полесен тренинг за вардарци. Убедливиот триумф беше најавен уште во првото полувреме по кое Вардар водеше со 22:11. Во вторите 30 минути ништо не се промени на теренот и беше прашање само со колкава разлика ќе слави македонскиот претставник.
Јан Чувара беше најефикасниот кај Вардар со 10 гола, Куни Моралес постигна осум пет додаде Дутра, а со четири гола натпреварот го заврши Филип Талески. Треба да се истакне и Гогов на голот кој собра десет одбрани.
Покрај Вардар скоро пласиран на Ф4 е и Еурофарм Пелистер кој во Битола пред два дена го декласираше Татран Прешов со 37:29.
Фото: РК Вардар