Ракометарите на Вардар не чекаа долго за прва победа во претсезоната. По поразот од Хамбург (25-31), во вториот меч на турнирот во Германија го совладаа Фуксе Берлин, со 32-24.

Освојувачот на ЕХФ-купот можеше да се носи со Вардар само во одредени делови од мечот, особено во првото полувреме. Беше релативно изедначено, додека Вардар не направи чекор напред и на пауза замина со 15-13.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во првите 15 минути од вториот дел Фуксе постигна само три гола, а Вардар почна да се одлепува, водејќи со 20-16. Во добро светло се покажа голманот Дејан Милосављев со девет интервенции, овозможувајќи им на своите колеги да го зголемат водството до крајот.

Дибиров со седум и Криштопанс со шест гола беа најефикасни меѓу црвено-црните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар ќе прави трофејна соба, побара помош од навивачите!

Ракометниот клуб Вардар започнува интересна иницијатива со која сака да ја зачува својата …