Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар со едноминутно молчење против ПИК Сегед за жртвите во трагедијата во Бугарија

Вардар со едноминутно молчење против ПИК Сегед за жртвите во трагедијата во Бугарија

Владата во Македонија по вчерашната трагедија донесе одлука за тридневна жалост, па во јавноста се постави и и прашање дали натпреварот Вардар – ПИК Сегед утре ќе се игра со публика.

Од Вардар потврдија дека натпреварот ќе се игра пред публика, а пред почетокот на мечот со едноминутно молчење ќе се оддаде почит на жрвите во трагедијата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Натпреварот меѓу Вардар1961 и ПИК Сегед од ЕХФ лигата на шампионите се игра утре од 20,45 часот, и со ПУБЛИКА НА ТРИБИНИТЕ во СЦ „Јане Сандански“ според предвидениот распоред. Пред почетокот на натпреварот со едноминутно молчење ќе им се оддаде почит на жртвите во трагичната сообраќајната несреќа на македонските граѓани во Бугарија и во знак на сочувство со нивните семејства“, соопштија од Вардар.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…