Актуелниот македонски шампион, Вардар попладнево славеше на гостувањето кај Акедимија Пандев во Струмица со 0:2.
На истекот од првото полувреме, Максимов го отвори резултатот во корист на црвено-црните, по што се замина на пауза.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
И вториот дел помина без конкретни шанси, но во 89. минута Вардар преку Стојков стигна и до двојна предност за конечни 0:2.
Победа единствениот гол го постигна од белата точка, од која прецизен беше Гешовски во раната 9. минута. Тоа беше и конечниот резултат на гостувањето на Прилепчани кај Скопје.
Пелистер на домашен терен ја имаше победата во свои раце до 86. минута, кога успеа Шкупи да погоди и ремизира. Првиот погодок на овој меч го постигнаа домашните преку Маркоски во 28. минута. Само десет минути подоцна, Фереира Кардосо ја зголеми предноста за 2:0на полувреме. Во вториот дел, Љамчевски киксна па постигна автогол, со кој ја намали негативата на гостите. Конечните 2:2, ги постави Мухарем во 86. минута.
Силекс успеа во последниот меч од 17. коло во ПМФЛ да слави против Работнички со 2:1.
Гостите го отворија мечот во 7. минута, но потоа иницијативата на домашните им ги донесе тритебода по денешниот меч.
Во 47. минута Ѓорѓевиќ постигна израмнувачки погодок, а конечните 2:1 ги постави Стојчевски со погодок во 63. минута.