Русинот Данил Шишкарев шест сезони помина во Вардар (2014-2020), а потоа премина во Веспрем од каде брзо си замина.
Сега Шишкарев имаше интервју за руските медиуми и откри дека во јануари имал понуда да се врати во Вардар. Во игра покрај Вардар биле, Штутгарт и Динамо Букурешт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Повеќе опции беа во игра пред да се договорам со Чеховски Медведи, но ништо конкретно. Во јануари добив понуди од Вардар и Штутгарт, а постоеше и интерес од Динамо Букурешт. Тие понуди дојдоа после Светското првенство во Египет. Тогаш јас имав уште една година од договорот со Веспрем и немав намера да заминам“, изјави Шишкарев.
Шишкарев во кариерата има настапувано и за Чеховски Медведи, токму од тој тим дојде во Вардар.