Најтрофејниот македонски фудбалски колектив, Вардар викендов го очекува натпревар против Охрид, а црвено-црните за овој натпревар ќе се вратат на Арената „Тодор Проески“.
За Вардар ова ќе биде прв натпревар на Градскиот стадион како второлигаш со оглед што сезонава натпреварите како домаќини ги играа или на терените на ФФМ или во Маџари на „Борис Трајковски“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега е време Вардар да се врати „дома“, а тоа предизвика и интерес помеѓу навивачите.
Навивачите на Вардар испратија апел до сите симпатизери на клубот в сабота да дојдат на трибините и да дадат поддршка. Овој натпревар за Вардар е и тоа како важен затоа што Вардар е третопласиран на табелата во Втората лига со 34 бодови, пет помалку од второпласирната Воска која е на позиција која води во баражот. Силекс на врвот има огромни 12 бода повеќе во однос на Вардар.