Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар против Кристијанштад: Да не се опуштаме, да завршиме со стил!

Вардар против Кристијанштад: Да не се опуштаме, да завршиме со стил!

Европскиот шампион Вардар в сабота ќе го заокружи есенскиот дел од настапите во Лигата на шампионите на домашен терен против Кристијанштад.

„Очекувам тежок натпревар зашто Кристијанштад имаат добри играчи. Знам дека сме во многу добра ситуација, зашто сме прво место во групата до феваруари. На гости против Кристијанштад одигравме многу добар натпревар, тоа се противници кои играат брзо, имаат добар контранапад. Против Пик Сегед одиграа добаро, демонстрираа многу брза игра. Очекувам и тука в сабота да биде слично зашто имаат многу добри играчи, со искуство и играат брз контранапад“, изјави Раул Гонзалез.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„В сабота играме навидум лесен натпревар, но Кристијанштад не треба да се потценува. На натпреварот со ПИК Сегед покажаа дека се незгодна, динамична екипа. Ако играме како што знаеме ќе ја оправдаме таа фаворитска улога и со победа да завршиме Лига на шампиони. Не треба да се опуштиме, досега немаме пораз и сѐ оди добро, да не ја разочараме публиката на крајот од годинава”, изјави капитенот Стоилов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…