Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар против Беса оштетен за „чист“ пенал! 🎥

Вардар против Беса оштетен за „чист“ пенал! 🎥

Вардар излезе со реакција по натпреварот против Беса тврдејќи дека во тој натпревар се оштетени за очигледен пенал.

Реакцијата клубот на објави на социјалните мрежи.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„На вчерашниот натпревар против екипата на Беса Добри Дол, ФК Вардар беше сериозно оштетен од страна на помошниците на главниот судија Јован Качевски.

Имено, во второто полувреме од натпреварот, во шеснаесетникот на противничката екипа, врз фудбалерот на Вардар Џибрил Дианеси беше направен очигледен, свесен прекршок, кој директно влијаеше врз играта, шансата за погодок, а секако и врз конечниот резултат.

За жал, оваа и повеќе од очигледна ситуација не беше доволна причина за помошниците на Јован Качевски, кои од неразбирливи причини останаа неми и не му сигнализираа на главниот судија дека има очигледен прекршок, по кој требаше да биде досуден пенал во корист на ФК Вардар.

Ваквите пропусти се недозволиви, особено кога се повторуваат во континуитет, бидејќи истиот помошник судија Мартин Петковски, во два наврати оваа полусезона, како на натпреварот против екипата на Силекс, така и сега против екипата на Беса Добри Дол, во идентична ситуација, не сигнализираше прекршок за пенал во корист на ФК Вардар.

Затоа бараме ФФМ најостро да реагира и да ги спречи ваквите пропусти, со кои директно се нанесува штета на клубовите, на самата лига, а секако и на мак фудбалот во целост“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија на шестото место од формирањето на Лигата на Нации

Македонската фудбалска репрезентација октомврскиот циклус во Лигата на Нации го заврши со …