Вардар денес го одигра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Монплеје.
Стартот од натпреварот денес ветуваше. И покрај сите проблеми Вардар започна херојски и водеше 3:0. Тогаш гостите го постигнаа првиот гол. Следуваа нови два гола на Вардар за 5:1. Марко Кизиќ беше брилијантен на голот, меѓутоа Вардар во следните минути не беше толку ефикасен, па Монпелје се врати во игра. Првпат до изедначување стигнаа на 6:6. Во наредниот период гледавме игра гол за гол, Монплеје првото водство во натпреварот го имаше во 19. Минута (8:9).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Монплеје поведе и со два гола разлика, но Вардар не се предаваше па го изедначи резултатот во 22. минута (11:11). По изедначувањето на Вардар Кизиќ повторно блесна на голот и Вардар имаше напад за да ја врати предноста. Вардар погреши, меѓутоа и Французите погрешија пред нашиот гол, Овој пат Вардар не ја пропушти шансата и со голот на Дибиров го врати водството (12:11).
Последните пет минути донесоа изедначена игра, па резултатот по првиот дел гласеше 13:14.
На стартот на вториот дел гледавме слична игра Монпелје имаше предност, меѓутоа во најголем дел таа изнесуваше 2-3 гола разлика. Како што одминуваше натпреварот Вардар како да снемуваше сили, па гостите на 10 минути пред крајот стигнаа до највисоки +5.
На седум минути до крајот Кизиќ одбрани зицер при резултатот 25:28. Тука Вардар имаше прилика да дојде на -2 и да се врати во игра, за жал тој напад Стоилов од пикерската позиција не го реализраше. Монпелје, повторно погреши, па Вардар имаше и уште една шанса. Овој пат Чупиќ погоди и на пет минути до крајот Вардар имаше -2.
Во следната акција Кизиќ повторно блесна, а Горбок погоди на спротивната страна за 27:28. Монпелје водството од два гола го врати во 27. минута (27:29). Ова беше и периодот кога Вардар ја загуби последната шанса за пресврт, бидејќи следуваше наше промашување, по кое тие на празен гол реализираа за +3.
На крајот Вардар изгуби со 27:31.
Овој пораз значи и дека во нокаут фазата црвно-црните одат како шестопласирани.