Вардар продолжува да го гради тимот за наредната сезона во која ќе ја брани европската круна.
Следната сезона во црвено-црниот дрес ќе игра и Словенецот Домен Сикошек Плеко (21). Плеко со Вардар потпиша договор на една година и истиот може да биде продолжен на уште една.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со Плеко Вардар ја комплетираше пикерската позиција на која наредната сезона покрај Плеко ќе играат Стоилов и Горпишин.
„Голема чест и задоволство е кога може да ти се исполнат соништата и да добиеш шанса да играш за европски првак и институција каква што е Вардар. Знам дека ме чека уште многу сериозна и напорна работа и докажување, но и сигурен сум дека ќе дадам се од себе, па и повеќе од 100 отсто. Се радувам на соработката со тренерот Давид Писонеро и со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките. Доаѓам од Словенија од ракометното школо на РК Требње, а од таму потекнува и мојот сонародник Сташ Скубе, па сигурно тоа и ќе ми помогне околу адаптацијата во тимот“, изјави Плеко за интернет страницата на Вардар.
Плеко е висок 202 сантиметри, а минатата сезона настапуваше за австрискиот клуб Брук.