Екипата на Вардар продолжува со лошите настапи во ПМФЛ.
Денес со почеток од 15:00 часот беше одиграно градското дерби помеѓу Работнички и Вардар кое на крајот заврши со минимална победа од 1:0 на „романтичарите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Единствениот гол на натпреварот кој навистина беше прекрасен го постигна Виктор Ангелов во 56 минута од натпреварот.
Како и што веќе навикнавме во последно време иако се работеше за градско дерби на трибните на најголемиот стадион приствуваа само околу стотина гледачи.
Вардар веќе остане без шанса за одбрана на шампионската титулата, а доколку продолжат со лошите изданија би можеле да останат и без втората позиција.
Црвно-црните на последните шест натпревар се без победа.