Бразилскиот репрезентативец Хозе Толедо е најновото засилување за македонскиот и европски шампион Вардар.
Денеска на официјалната веб-страна беше потврден трансферот на Бразилецот Хозе Толедо, кој ќе му прави друштво на Даинис Криштопанс на десната бековска позиција.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Толедо во претходните две сезони беше член на Висла, висок е 193 см, додека во кариерата има освоено златен и сребрен медал на Пан Американските игри.
„Со ангажирањето на Толедо веруваме дека ќе имаме подобра бековска линија во Вардар. Очекуваме Толедо да ја искористи шансата и да ни покаже дека сме направиле одличен избор со неговото ангажирање“, изјавија од Вардар.