Тимот на Вардар ја засили одбраната со бразилскиот стопер Чарлестон Силва Дос Сантос кој после неколкудневна проба потпиша договор.
Чарлестон Силва Дос Сантос доаѓа од бугарскиот тим Царско Село, а допрва ќе се види дали има капацитет да помогне на Вардар или пак е потпишан само за да ги пополни „дупките“ кои се отворија поради заминувањата после финансиската криза.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
По заминувањата Вардар остана со млада одбрана и неопходно беше да се засилат во последната линија. Дали овој Бразилец ќе помогне во оваа сезона која за Вардар ќе биде тешка останува да видиме.
Бразилскиот играч се пофали на социјалните мрежи дека се договорил со Вардар.