Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар во Лигата на Европа без големото засилување

Вардар во Лигата на Европа без големото засилување

Македонскиот фудбалски шампион екипата на Вардар го претстави рускиот напаѓач, Масим Максимов како големо засилување за новата сезона во која Вардар ќе настапува и во групната фаза од Лигата на Европа.

Сепак, потоа се појавија и проблеми. Поранешниот клуб на Максимов, Траки правеше проблеми, па клубот управата на Вардар не успеа да го пријави Максимов за во Лигата на Европа.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ова е навистина голема штета за македонскиот шампион кој ќе биде значително ослабен против реномираните европски противници. Да потсетиме, Максимов беше најдобар стрелец во квалификациите за Лигата на Европа.

Покрај Максимов за настап во Лигата на Европа, Вардар не ги пријави Горан Попов и искусниот чувар на мрежата Томе Пачовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…