Ако Вардар денеска не загуби од Мец ќе го загарантира првото место во групата 2, а тоа е сѐ што му треба за да биде со една нога и на Ф4-турнирот во Будимпешта. Причината за тоа е што како првопласиран, Вардар ќе вкрсти со Никобинг, кој е четврти во групата 1 и драстично послаб од Ѓер, Ростов и ЧСМ Букурешт. Не дека работата ќе им ја заврши некој друг, но екипа која губеше со 10, со 13 разлика од споменативе фаворити, не би требало да биде закана ни за македонскиот првак во четвртфиналето.

Е затоа вардарки треба да одиграат одличен натпревар денеска во Мец и да не го доведат во прашање својот перфектен скор досега во сезонава. Мец јасно покажа дека е сериозен противник, играјќи пристоен меч во Скопје, а да не споменуваме како помина Вардар во Франција лани – загубија со 28-42, што е најтешкиот пораз во неговата историја!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За овој меч Ирина Дибирова и Роберто Гарсија Парондо направија само една корекција во екипата, додавајќи ја Теодора Керамичиева, а за таа сметка ќе одмора Андреа Чанаџија, оставајќи ја екипата со два пикера.

Вардар има 14 бода, Мец брои 10, колку и Ференцварош, така што мотивацијата за бод повеќе ќе биде голема кај Французинките.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…