Холанѓанецот Робин Ван Перси ќе го раскине договорот со турски Фенербахче.
Иако искусниот Холанѓанец има уште шест месеци од договорот со турскиот гигант изгледа дека истиот ќе биде раскинат пред време.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ван Перси е незадоволен од минутажата која ја има оваа сезона, па поради тоа сака да ја напушти Турција.
За Холанѓанецот интерес покажаа неколку клубови, но изгледа дека неговиот поранешен клуб Фенербахче има најголема предност во овој момент.
Ван Перси има 34 години, далеку е од формата во најдобрите денови со која настапуваше во Манчестер Јунајтед и Арсенал, но сигурно дека може да биде од корист на својот поранешен клуб.
Неговиот агент не сакаше да зборува за новиот клуб се додека фудбалерот има договор со Фенербахче.