Дефанзивецот на Ливерпул и најскапиот фудбалер во историјата на овој клуб, Виргил Ван Дијк даде интересен коментар по натпреварот против Рома.
Ливерпул беше поразен со 4:2 во вчерашниот реванш од полуфиналето, но поради победата од 5:2 во првиот натпревар „црвените“ обезбедија место во големото финале.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот беше обележан со голем број грешки на главниот судија, Дамир Скомина кој пропушти да досуди два пенали за домаќинот иако за поголемиот дел од фудбалската јавност се чисти како „солза“.
По натпреварот Ван Дијк порача дека не го интересираат таквите работи.
„Кого го интересира тоа? Ние поминавме понатаму. Таков е фудбалот. Судијата носеше одлуки според своето убедување и сите ние мораме да ги прифаќаме нивните одлуки без разлика дали истите ни се допаѓаат или не“, изјави Ван Дијк.
Ливерпул на 26 мај против Реал Мадрид ќе го игра финалето во Киев.