Ливерпул вчера ја доврши работата против Порто и се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите каде што ќе игра против Барселона која во четвртфиналето го елиминираше големиот ривал на „црвените“ од Англија, Манчестер Јунајтед.
Ова значи дека најскапиот стопер во светот кој оваа сезона скоро и да игра без грешка ќе има дуел против Лионел Меси. Аргентинецот оваа сезона повторно прави чуда и е на највисоко ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новинарите уште после вчерашниот натпревар ги интересираше дали Ван Дијк знае како ќе го запре Аргентинецот.
Холанѓанецот даде интересен одговор со кој ги насмеа новинарите.
„Како против Меси? Не знам, ќе видиме, ќе мораме некако“, гласеше одговорот на Ван Дијк па продолжи:
„Полуфиналето против Барселона ќе биде голем предизвик за целиот тим. Секако дека сме пресреќни што ќе играме во полуфиналето. Ќе продолжиме да играме тимски како досега, никогаш не оди еден против сите. Меси без никакви дилеми е еден од најдобрите во историјата на овој спорт и многу е тешко да се чува. Како и да е, ние веруваме во нашите можности“, порача најскапиот стопер во светот.
Мнгоумина оваа изјава на Ван Дијк ја поврзуаа со онаа на Смолинг пред првиот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона. Тогаш Смолинг порача дека само тој знае како да го запре Меси. Меѓутоа на теренот баш и не изгледаше така.