Вирџил Ван Дајк нема да може да и помонге на Холандија со своите настапи на теренот на Европското првенство, но изгледа ќе биде дел од делегацијата на „лалињата“ за претстојното Европско првенство.
Денес британски „Мирор“ објави дека селекторот Франк Де Бур има намера 29 годишен дефанзивец да биде во неговиот тим како помошник кој на играчите би помогнал со своето искуство.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Вриџил е многу важен за нашиот тим, тој е клучен за момците во последните неколку години. Соиграчите уживаат во неговото присуство“, изјави Де Бур.