По неуспешниот настап на ЕУРО холандската репрезентација остана без селектор, бидејќи Де Бур самиот се повлече од функцијата.
Главниот кандидат за селектор на репрезентацијата на Холандија е Луј ван Гал, а Федерацијата веќе започнала преговори со 69-годишниот стратег.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Ван Гал претходно два пати беше на кормилото на репрезентацијата. За прв пат тој ја водеше екипата во 2000 година, но не успеа да го одведе тимот на Светското првенство во 2002 година, по што ја напушти функцијата.
По 10 години тој повторно ја прифати поканата и под негово водство, Холанѓаните го освоија третото место на Мундијалот во Бразил.