Ванда Нара, сопругата и менаџер на напаѓачот на Интер Мауро Икарди се надева дека нејзиниот сопруг ќе остане во Интер, но не ја исклучи можноста за трансфер.
Аргентинскиот напаѓач се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, Ванда е таа која се грижи за неговата кариера, таа ги води преговорите, па извесно е дека таа ќе донесе одлука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таа вели дека нивната желба е да остане во Интер, но сепак тоа зависи и од „нероаѕурите“.
„Се надеваме дека Мауро ќе остане во Интер. Сепак, се зависи од клубот“, истакна Ванда.
„Не знам ништо за понудата на Реал, па нема ништо ни да ви потврдам, а ни да негирам. Ако се прашува Мауро, тој сака да остане во Интер. Меѓутоа, постојат некои други работи кои не зависат од нас“, додаде убавата менаџерка.
Икарди оваа сезона игра фантастично и на 16 натпревари постигна 16 гола, но она што го загрижува Интер е што во неговиот договор има клаузула од 110 милиони евра, која за Реал нема да претставува проблем.