Eкипата на Валенсија го претстави првото засилување за новата сезона.
Валенсија го доведе 20 годишниот фудбалер Урош Рачиќ од Црвена Звезда.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според информациите од Шпанија, Валенсија за услугите на Рачиќ платила 2.5 милиони евра. Неговиот договор има важност до 2022 година и ќе има откупна клазула од дури 100 милиони евра.
Минатата сезона Рачиќ собра 34 настапи за Црвена Звезда и постигна три погодоци.
„Овој трансфер е остварување на сонот, сонував да потпишам за вака голем клуб. Среќен сум поради пристигнувањето. Добро го познавам клубот бидејќи ја обожавам шпанската лига. Ќе дадам се од себе за да му помогнам на овој клуб“, изјави Рачиќ на претставувањето.
? Uroš Račić: “Venir al @valenciacf es cumplir un sueño” ??
➡ https://t.co/bevPoXur3I#BenvingutRačić pic.twitter.com/rr8Af7KG9o
— Valencia CF (@valenciacf) June 13, 2018