Дома Топ вести Валверде стави крај на сите шпекулации во врска со Меси

Валверде стави крај на сите шпекулации во врска со Меси

valverde

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ги негираше сите тврдења на медиумите дека Лионел Меси ќе го напушти „Камп Ноу“ до крајот на август.

Аргентинскиот фудбалер се уште не го продолжи договорот со Барселона, па токму поради тоа медиумите шпекулираа дека би можел да го напушти клубот. Британските медиуми веќе со денови пишуваат дека Меси би можел да се пресели во Манчестер Сити за неверојатни 300 милиони евра.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


„Меси е во ред. Тренира и се е како што отсекогаш било. Мислам дека нема никакви проблеми“, изјави Валверде.

Барселона вчера објави дека го договори трансферот на францускиот напаѓач, Осман Дембеле (20) од Борусија Дормтунд за 105 милиони евра. Дембеле за Барса потпиша договор на пет години со откупна клаузула од дури 400 милиони евра.

Валверде истакна дека можно е во клубот да пристигне уште некој играч до крајот на трансфер периодот.

„Трансфер периодот трае до крајот на август и се додека не заврши некои играчи може да пристигнат, но некои можат да го напуштат клубот. Сите клубови се во иста ситуација, сите се обидуваат да го комплетираат тимот“, додаде Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Јувентус

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат ме…