
Конор Мекгрегор го изненади спортскиот свет кога утрово преку својот Твитер профил објави дека се повлекува од борењето во ММА, со други зборови се пензионира.
Мекгрегор преку својот Твитер профил одлучи да објави дека повеќе нема да се бори во рингот како ММА борец и дека дошло време за пензија кога во прашање е борењето.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Еј момци, имам кратко известување. Одлучив да се пензионирам од спортот формално познат како „мешани борби“. На сите мои стари колеги им посакувам да напредуваат. Сега им се придружувам на моите поранешни партнери кои се веќе во пензија“, гласеше Твитот на Конор.
Оваа негова одлука наиде на голем број коментари во спортската јавност, а постои и мислење дека Конор само сака да извлече подобра преговарачка позиција за некоја нова борба.
Без коментар на пензионирањето на Конор не остана и неговиот последен противник од кого загуби, Кабиб Нурмагомедов. Кабиб после повлекувањето на Конор испрати порака дека во џунглата може да има само еден крал.
„Во џунглата може да има само еден крал. Само еден“, порача Кабиб преку Твитер.
There can be only one king in the jungle.
Only ☝️ pic.twitter.com/BuqVNUkoR0— khabib nurmagomedov (@TeamKhabib) March 26, 2019
Кометар за пензионирањето на Конор претходно даде и првиот човек на УФЦ, Дејн Вајт.
„Мислам дека неговото повлекување има смисла, бидејќи неговото виски растура на пазарот. Кога јас би бил на негово место и јас би се повлекол. Тој се повлекува од борбите, не од работата. Вискито ќе го окупира, а сигурен сум дека работи и на други нешта“, изјави Вајт.