Перуанецот од редовите на Бока Јуниорс Луис Адвикула го заработи еден од најбрзите црвени картони во историјата на фудбалот.
Адвинкула во натпреварот против Крузеиро направи груб старт уште во 9. секунда од натпреварот, а црвениот картон му беше покажан во 28. Секунда и тоа е најбрзото исклучување на фудбалски натпревар во Јужна Америка.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Неговата Бока на крајот беше елиминирана на пенали откако во регуларниот Крузеиро победи со 2:1. Во првиот натпревар Бока славеше со минимални 1:0.