Викендов на македонските фудбалски терени видовме ситуација каква што немало досега.
Судијката Ирена Величковска беше четврти судија на дуелот помеѓу Брера Струмица и Воска Спорт. Оваа ситуација немаше да привлече посебно внимание ако нејзиниот сопруг, Александар Ристевски не настапуваше во тимот на Брера, објави порталот „Штипски Асови“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Судиската четворка не направи ниту една грешка во Струмица. Судеше објективно и професионално. На теренот нема пријателство, мора да се суди по правилата на фудбалската игра. На стартот на сезоната Брера оствари две победи. Среќен сум што играм за овој тим“, изјави Ристевски за „Штипски Асови“.
Брера на крајот славеше во натпреварот со 2:0, а Ристевски ги одигра комплетните 90 минути. Во 61. минута беше санкциониран со жолт картон.
Фото: Брера Струмица