Дома Фудбал Останато Ваква клазула во договорот имал само Роналдињо!

Ваква клазула во договорот имал само Роналдињо!

Бразилскиот ас Роналдињо важи за еден од најдобрите виртуози кои се појавиле во историјата на фудбалот, а познато е и дека сакаше добро да се забавува.

Низ кариерата освои многу трофеи, меѓутоа стигна само до една „Златна топка“ иако сигурно имаше квалитет за повеќе.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сега „БеИн Спорт“ пишува за интересна клазула која ја имал Роналдињо во договорот со Фламенго кој го потпиша во 2012 година. Тогаш Роналдињо го напушти Милан и од Европа се врати во татковината.

При договорот тој инсистирал на една специјална клазула каква што веројатно немал ниту еден друг фудбалер. Имено, Бразилецот барал во договорот да стои дека му е дозволено да излегува и да се забавува два дена во неделата и плус да може да конзумира колку што сака алкохол.

Наводно, Роналдињо толку инсистирал на оваа клазула што бил спремен и да не го потпише договорот. На крајот тој се пресели во Фламенго и во сезоната која ја одигра во овој клуб постигна 19 гола и запиша 13 асистенции, што секако е солиден учинок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ако Гвардиола го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната, по него веднаш заминува и големата ѕвезда

Еден од оние кои први би размислил за својата иднина е норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд. Н…