Габонскиот напаѓач е блиску до заминување од Борусија и во овој момент е најблиску кариерата да ја продолжи во Кина.
За неговото пристигнување заинтересирани се неколку екипи, меѓутоа за разлика од изминатите години овојпат нема да може да влезе во кругот на надминати цени.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради правилата според кои клубовите ќе плаќаат данок од 100% на трансферот на постарите фудбалери, владиното тело на кинескиот фудбал испрати предупредување за тамошните прволигаши.
„На интернет излегоа вести за надминувањето на кинеските клубови за странските играчи и привлекоа внимание во јавноста. Сметаме дека тоа е важна информација, па испративме писма до клубовите во кои бараме објаснување на ситуацијата. Ако дојде до кршење на некои закони, клубовите ќе бидат строго казнети. И натаму ќе продолжиме да ги наплаќаме големите регулаторни надокнади за трансферите на играчите за да ги забават неприродните инвестиции и да го осигураат здравото оркужување за развојот на клубовите во кинеската лига. Било какво кршење на правилата и регулација нема да бидат толерирани“, стои во соопштението на Кинескиот фудбалски сојуз.