Дома Останати Кошарка Бјелица разочаран: Ако не промениме нешто ќе не снема за пет години

Бјелица разочаран: Ако не промениме нешто ќе не снема за пет години

Репрезентацијата на Србија која беше голем фаворит против Италија вчера изненадувачки во Белград доживеа пораз и остана без пласман на ЛОИ во Токио.

Италија клучниот натпревар го доби со 102:95. Немања Бјелица не го криеше големото разочарување кое го доживеа неговата земја.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Игравме како го*на…Со ваков став не се игра кошарка, мораме да го поправиме наште однесување, мора да да научиме нешто од овој пораз. Сега можам тука со часови да зборувам, но тоа ништо не вреди. Ако нешто брзо не промениме ќе исчезнеме за пет години“, изјави Бјелица.

Ќе потсетиме, Србија во овие квалификации за ЛОИ играше без Никола Јокиќ кој одлучи да не го прифати повикот од својата репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Еуфорија во Белград: Навивачите на Партизан до доцна во ноќта ја славеа победата над Звезда 🎥

Кошаркарите на Партизан вчера славеа важна победа против Црвена Звезда во Еввролигата во р…