Еден од најголемите голмaни во историјата на фудбалот, Џанлуиџи Буфон повторно остана без трофејот во ЛШ, отако неговиот Јувентус загуби во финалето од Реал Мадрид.
Буфон на кого единствено му недостасува трофејот во ЛШ, беше разочаран по натпреварот, но уште еднаш покажа големина и призна дека противникот заслужено победил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е огромно разочарување. Игравме одлично во првото полувреме, мислевме дека можеме да стигнеме до победа од овој натпревар. Не можам да објаснам зошто игравме така во второто полувреме“.
„Мислевме дека имаме се што е потребно да го кренеме трофејот, некои епозоди не беа на наша страна, но Реал Мадрид покажа класа и заслужено победи“, истакна Буфон.